недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Разбојништво во спортска обложувалница во с.Волково

Разбојништво во спортска обложувалница во с.Волково

Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје, денеска (09.06.2023) во Скопје го лишија од слобода П.Ј.(32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 09.00 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во с.Волково, скопско.

Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело.

П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.