На 14.04.2022 во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија.
Тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал.
При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.