На 07.04.2023 во 10:20 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле М.Ѕ.(39) од Словачка затоа што се однесувал агресивно и упатил закани кон А.Ѓ.(28) и М.Ѓ.(24) од Неготино и нивните две малолетни деца.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.