Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Г.(65) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
На 20.09.2022, пријавениот на место викано „Каскада“ во близина на с.Јакимово, виничко, во реката Осојница поставил мрежи за ловење риба на штета на концесионерот.