На 27.02.2021 околу 11.30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Ново село во содејство со Посебната единица за поддршка го лишиле од слобода Н.А.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, турски државјани.
По насоки на Јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.