На 14.08.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 84 прекршоци, од кои 49 надвор од населено место и 35 во населено место.
Од нив 22 Штип, 18 Кочани, 15 Свети Николе, 13 Делчево, 6 Берово, 6 Виница и 4 Пробиштип. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
На 13/14.08.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.
Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 11 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник и 2 за некористење сигурносен појас.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, посочуваат од МВР.