четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 147 мотоциклисти, 96 возеле без кацига

Санкционирани 147 мотоциклисти, 96 возеле без кацига

Полицијата вчера, во акциска контрола на територијата на цела држава, санкционира 147 мотоциклисти. Од нив, како што соопшти МВР, 96 не носеле заштитна кацига, а 29 возеле без дозвола.

Одземени се и пет мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, но  санкции се изречени и за други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.