На 18/19.12.2021, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, полициски службеници спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив, 49 биле на подрачјето на СВР Скопје, 28 во СВР Битола, 18 во СВР Охрид, 16 – СВР Струмица, по 15 во СВР Куманово и СВР Штип, 11 од страна на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, 10 – СВР Велес и 8 – СВР Тетово.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози. Тие ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а 4 возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 176 останати прекршоци.
Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.