Во Прилеп денеска од 15 до 20 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи.
На сите им се изречени соодветни пријави и ќе се соочат со законски предвидените глоби, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.