Во текот на вчерашниот ден околу 16:00 часот во село Мерово, тетовско, Д.Ј.(43) од Тетово, додека со товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки се движел од село Мерово кон регионалниот пат Тетово-Желино, три непознати лица му го препречиле патот.
Д.Ј. застанал со возилото, по што едно од лицата вперилo пиштол кон него. Д.Ј. го стартувал товарното моторно возило и го напуштил местото на настанот.
По преземените мерки и активности констатирано е дека сторители се А.Д.(18) и уште две лица на возраст од 16 години сите од село Ново Село, тетовско.
При преглед на едно од лицата пронајден е гасен пиштол. Две од лицата се приведени.
Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот по што ќе бидат поденесени соодветни пријави.