На 18.07.2021 во 13.00 часот во место викано „Под камен“ во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода В.А.(21) од Пакистан, поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти, со употреба на тврди предмети, физички нападнале мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле противправно, при што им одзеле пари и накит.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.