На 03.06.2021 во 12.05 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во својот дом на ул.„Владимир Комаров“ починал М.Б.(20) од Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Станува збор за Марко Божиновски, членот на ракометниот клуб Бутел Скопје.
Божиновски е дете на Металург, пред две години настапуваше за вториот тим на овој клуб, а потоа го засили составот на Бутел Скопје. Тој беше дел од кадетската репрезентација.