недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се огласи МВР по инцидентот на фудбалски натпревар во Охрид: Следува пријава за група навивачи кои го нарушиле јавниот ред и мир

Се огласи МВР по инцидентот на фудбалски натпревар во Охрид: Следува пријава за група навивачи кои го нарушиле јавниот ред и мир

На 19.02.2021 година, за време на одржување на фудбалски натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го нарушила јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства.

По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, бакли и други пиротехнички средства. По расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.