четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се откачи лифт во зграда во Скопје – Четири момчиња итно на Клиника

Се откачи лифт во зграда во Скопје – Четири момчиња итно на Клиника

Четири млади скопјани се повредени откако се откачил лифт во зграда на улицата ,,Трифун Бузев’’ во Скопје.

Околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ биле донесени 20-годишниот Н.М. 20-годишниот Ф.М. 21-годишниот О.Н. и 21-годишниот К.П. од Скопје, кои, околу 21.55 часот, додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улица ,,Трифун Бузев’’, се повредиле откако лифтот се откачил.

Според пријавата, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.