Едно лице е згрижено синоќа во гостиварската болница, откако претходно во неутврдени околности било прободено со нож. Според неофицијални информации на нападот му претходела расправија.
Според СВР Тетово, синоќа (19 февруари) околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција со повреда од остар предмет. Повредениот инаку имал регулиран престој во Гостивар.
Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.