На 29.05.2021 околу 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пекара на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(21) од Куманово и С.Џ.В.(29).
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.