среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се расправале за недоразбирање во сообраќајот, маж заврши во тешка повреда на ногата

Се расправале за недоразбирање во сообраќајот, маж заврши во тешка повреда на ногата

На 09.07.2023 во 16.15 часот било пријавено дека во Ресен, на патот за плажата во с.Сливница, по претходно недоразбирање во сообраќајот, дошло до расправија помеѓу В.Ј.(41) од Скопје и Ј.Ч.(45) од Ресен, при што Ј.Ч. со неговото возило го повредил В.Ј. во пределот на ногата. В.Ј. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница-Битола, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува поднесок.