Утрово во 00,45 часот во врска со претходно лажна пријава дека наводно ќе постави бомба во Царинска управа, од слобода е лишен Д.И. (52), со кој во Полициска станица Драчево е извршен службен разговор.
Имено, веднаш по добиената пријава (закана), полициски службеници преземаа оперативни дејствија и утврдија дека се работи за лажно пријавен настан.