понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се запали комби возило, во прекин сообраќајот до ГП Делчево

Се запали комби возило, во прекин сообраќајот до ГП Делчево

Поради интервенција на запалено возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево во моментов во застој е сообраќајот на патот Делчево – Ѕвегор – Граничен премин.

Според информациите на жители на селото запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

-Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото, истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдија случајот, а со повеќе детали околу причината за опожарувањето ќе излезат во текот на денот.