Директорот на СОУ „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил во полиција дека од непознат профил добил аудио снимка на „Фејсбук“ за наводен сексуален однос меѓу професор и ученичка во истото средно училиште.
–Во Полициската станица во Велес директорот на СОУ Гимназија „Кочин Рацин“ во Велес вчера пријавил дека на 15 октомври оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче. Потоа добил и смс-порака со заканувачка содржина доколку не преземе мерки против професорот, информира портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.
Тој додаде дека полицијата работи на расчистување на случајот.