петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Семејна драма во Кочани: Мајката повредена, таткото мртов, синовите приведени

Семејна драма во Кочани: Мајката повредена, таткото мртов, синовите приведени

На 30.09.2019 во 05.20 часот во СВР Штип, Д.С. (30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на улица „Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С. (55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С. (46) која се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било пронајдено безживотното тело на В.С., со убодна рана во пределот на градите.

Во врска со случајот приведени се Д.С. (30) и А.С. (25), синови на В.С.. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.