На 29.03.2021 во 10.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Ванчо Прке“ во Виница, патничко возило „ланд ровер“, со винички регистарски ознаки, управувано од С.М.(67) с.Градец, удрило во малолетен пешак.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирни во Клиничкиот центар Штип.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.