петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шестмина државјани на Кина се обиделе нелегално да влезат во земјава

Шестмина државјани на Кина се обиделе нелегално да влезат во земјава

Шест лица од Кина се приведени, откако се обиделе нелегално да влезат во земјава, соопшти МВР.

Полициска патрола вчера во 11:10 во реонот на селото Лојане затекнала шест лица од Кина при обид за нелегално поминување на државната граница од Република Србија кон Република Македонија.

Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.