четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шестмина малолетници осомничени дека сториле 27 тешки кржаби

Шестмина малолетници осомничени дека сториле 27 тешки кржаби

СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против шест малолетни лица од гостиварското село Чегране. Три од лицата се на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години.

Како што соопшти денеска МВР, шесте малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 до август 2019 година, делувајќи во група и со употреба на сила, провалувале во куќи претежно на времено вработени во странство од Чегране, како и во други објекти во ова село и противправно одземале златен накит, алати, облека и технички производи. Одземеното го криеле во напуштен објект – штала во Чегране и подоцна го продавале на други лица.

Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари.