СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
На 14.03.2022 во СВР Штип – Отсек за управни работи, при поднесување на барање за издавање на возачка дозвола, пријавениот изјавил дека возачката дозвола ја има изгубено, а всушност, претходно му била одземена од полициски службеници во Република Грција поради сторен сообраќаен прекршок.