СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
На 22.06.2023, градежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор при општина Охрид извршил вонреден инспекциски надзор, при што било констатирано дека пријавениот извршил доградба на деловен простор и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градење.