сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Син си го пронашол таткото мртов, телото било во распаѓање

З.Ц. пријавил вчера во полициска станица дека во битолското село Олевени го пронашол починат неговиот татко П.Ц.(66) од село Олевени, информираат од МВР.

Телото било во фаза на распаѓање.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено за обдукција.