Вчера (26.11.) во периодот од 16 до 22 часот на подрачјето на Куманово со употреба на уред за ноќно снимање спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 37 возачи.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.