Засега непознати лица се обиделе да ја грабнат ќерката на пратеник од СДСМ, објави Сител.
Настанот, информира телевизијата, се случил во средата во 11:45 во Кочани.
Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот.
Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.
Настанот според Сител е пријавен во полиција.