Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе две кривични пријави, една против Н.И.(50) од Битола, раководител-директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ .
Пријавената во својство на службено лице по барање на тогашниот директор на Клиничка болница Битола, З.Л.(67) на 22.01.2020 година изготвила налог и извршила исплата на надомест за неискористен одмор во висина од 162.762 денари, без содветна одлука на Управен одбор.
Исто така, поднесена е кривична пријава против Р.Б.(52) од Битола, вработена како главна медицинска сестра во ЈЗУ Клиничка болница Битола и Н.И.(50) од Битола, Раководител – Директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавените, во периодот од 2018-2020 година, без одлуки на Управен одбор, реализирале повеќе службени патувања во странство, за што од сметката на ЈЗУ Клиничка болница Битола за сместување, превоз и дневници биле исплатени 654.388 денари.