Откако вчера медиумите беа известени од МВР дека во полициска акција биле уапсени 7 припадници на ИСИС кои се бореле во Ирак денеска официјален Вашингтон ни открива дека седумтемината терористи веќе биле уапсени и биле чувани по затвори во Ирак и Сирија, по што сојузниците само ги префрлиле во затвор во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи објавија и видео од апсењето на терористите кое го споделија повеќе медиуми.
Во соопштението на МВР се наведува дека апсењето на осомничените терористи било извршено во соработка со Глобалната коалиција за борба против тероризмот, но никаде не наведоа дека се работи за репартријација односно преземање на уапсените.
Според новинската агенција Асошиејтед прес, по повеќемесечен притисок од САД, неколку држави меѓу кои и Македонија прифатиле репатријација на свои државјани кои учествувале во борбите на фронтовите во Ирак и Сирија како дел од ткн. Исламска држава и други терористички организации.