петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скокнал од возилото и избегал: Полицијата трага по маж во чиј автомобил се пронајдени 19 мигранти

Скокнал од возилото и избегал: Полицијата трага по маж во чиј автомобил се пронајдени 19 мигранти

На 15.10.2023 во 09:45 часот пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот Градско-Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го напуштил местото.

При преглед во возилото биле пронајдени 19 лица мигранти од Непал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.