среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на 2020 година, приливите на своите трансакциски сметки во вкупен износ од 6.668.850 денари не ги пријавил во поднесената задолжителна годишна даночна пријава до даночниот орган и со тоа одбегнал да плати данок во вкупен износ од 666.885 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.