недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец го прекршил полицискиот час, па нападнал полицајци

Скопјанец го прекршил полицискиот час, па нападнал полицајци

На 01.05.2020 во 20:30 часот на раскрсницата од ул.„Славка Динкова“ со ул.„Јустинијан Први“, за време на забраната за движење, Д.Р.(30) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници, кои преземале службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал еден полициски службеник.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.