На 19.07.2022 во 13.02 часот во СВР Скопје, Н.К.(62) од Скопје пријавил дека во неговиот стан на подрачјето на Аеродром, чија врата била отворена со подесен алат, затекнал едно лице кое физички го нападнало и побегнало, при што му испаднале повеќе парчиња накит и други лични предмети кои ги одзел од станот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.