ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б.(62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Пријавениот, на парцела лоцирана покрај реката Црн Дрим, во државна сопственост, узурпирал земјиште и без одобрение за градење изградил објект од тврда градба, стекнувајќи се со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија.