На 27.05.2022 во 09.37 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден М.Љ.(28) од с.Света Петка, скопско.
Според пријавеното, тој додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар како вработен во фирма, бил нападнат со остар предмет од О.Ј., при што се здобил со повреди.
На нападот му претходела меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.