Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера утрината било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.