недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка пред Олимписки, во Градска му ја извадиле

Скопјанец погоден со дијабола од воздушна пушка пред Олимписки, во Градска му ја извадиле

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.М.(41) од Скопје пријавил дека на 27.09.2021 околу 23:45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен на подрачје на Центар, почувствувал болка во рамото, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му укажале лекарска помош и од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.