вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец претепан во Старата чаршија

Скопјанец претепан во Старата чаршија

На 10.03.2018 година околу 15,30 часот Г.Р.(23) од Скопје пријавил дека додека седел во угостителски објект во старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале.

Г.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“.

Ј.М. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.