понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец пријавил дека ќерка му насилно била внесена во возило, но еве што изјавила таа во полиција

Скопјанец пријавил дека ќерка му насилно била внесена во возило, но еве што изјавила таа во полиција

Маж од село Горно Количани, скопско, вчера во 11,40 часот во СВР Скопје пријавил дека неговата 18-годишна ќерка од страна на 18-годишно момче од истото село, со кое долго време се познавале, била насилно внесена во возило.

Но, во 13.30 часот двајцата 18-годишници дошле во Полициската станица Драчево.

Девојката изјавила дека не била физички малтретирана, а момчето изјавило дека биле на гости кај негови роднини.

Се работи на расчистување на случајот.