СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот пронашол изгубена платежна картичка на лице од Скопје и, наместо да ја врати, со неа плаќал стоки и услуги во разни правни лица. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 14.652 денари.