На 22.08.2022 во 22:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека Н.Б.(36) од Скопје во својот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сестра.
По нападот врз сестра му, тој со остар предмет нанел повреди на неговиот 32-годишен зет од Косово, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.