петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со тешки повреди заврши во болница: Се превртел со автомобил кај Кучевиште

Скопјанец со тешки повреди заврши во болница: Се превртел со автомобил кај Кучевиште

Љ. У. (39) од скопското село Кучевиште вчера во 16 часот на локалниот пат Кучевишка Бара – село Кучевиште, управувајќи патничко мотрно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот и се превртел.

Љ. У. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.