понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец пуштил во оптег фалсификувана банкнота од 100 евра

Скопјанец пуштил во оптег фалсификувана банкнота од 100 евра

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” казниво по член 268 од Кривичниот законик.

Пријавениот, соопштија денеска од МВР, набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 22.01.2022 ја пуштил во оптек при купување производи во продажен објект во скопско село.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист.