недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец влегол да краде, па го претепале две лица

Скопјанец влегол да краде, па го претепале две лица

На 16.04.2023 во 19.45 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(37) од с.Сингелиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид, од објект во изградба.

Во врска со случајот, нешто подоцна М.И. пријавил дека околу 19.10 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврди предмети од Б.И. и уште едно лице, откако бил затекнат при обид да го изврши кривичното дело во објектот.

Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.