На улица „Методија Андонов Ченто“ вчера околу 21 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(22) и В.А.(18), и двајцата од Скопје, бидејќи при даден знак за запирање на четирицикл, без регистарски ознаки, на кој се превезувале, не постапиле по наредбата, а потоа изгубиле контрола над четирициклот и се превртеле.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.