Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако во нејзе удрил велосипед.
– На 15.01.2021 околу 12:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ велосипед, управуван од 50-годишниот Н.Ш. од Скопје, удрил во 62-годишната М.Ч. од Скопје. Во незгодата, М.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информира МВР.