вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка тешко повредена во автобус на ЈСП

Скопјанка тешко повредена во автобус на ЈСП

На 12.06.2023 во 07:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, во автобус на ЈСП паднала патничката А.Н.(61) од Скопје.

Во несреќата А.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.