сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка завршила зад решетки: Нападнала 80-годишна жена во својот дом и ја ограбила

Скопјанка завршила зад решетки: Нападнала 80-годишна жена во својот дом и ја ограбила

На 06.03.2023 во 13.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода Ф.Е.(39) од Скопје.

Таа се сомничи дека околу 11.30 часот физички ја нападнала В.Д.(80) од Скопје во нејзиниот дом на подрачје на Чаир и ѝ одзела пари.

Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а Ф.Е. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.